Насловна / Вести / Научниците на Марс открија „тајна порака“ и ја дешифрираа

Научниците на Марс открија „тајна порака“ и ја дешифрираа

Меѓу песочните предели на Марс, стручњаците на американската агенција за вселенски истражувања NASA забележале неколку дини кои наликуваат на натписи на Морзеовата азбука, објави сајтот на телескопската камера HiRISE.

Камерата, којашто е инсталирана на автоматската меѓупланетарна станица Mars Reconnaissance Orbiter, ја фотографирала површината на Марс во близина на вредностите на инфрацрвениот дијапазон и видливата светлина.марс

Членот од тимот кој работи на проектот HiRISE, планетологот Вероника Бреј го дешифрирала натписот од снимката. Добиениот текст е со следната содржина „NEE NED ZB 6TNN DEIDEDH SIEFI EBEEE SSIEI ESEE SEEE!!“, пишува порталот Gizmodo, повикувајќи се на сајтот на космичката камера.марс1

Точките и цртичките, кои се користат во Морзеовата азбука, на површината на Марс беа откривани и претходно, но во областа појужно од Северниот пол кај дината Хагал тие знаци сега се појавиле особено јасно и сликовито.

Научниците ја објаснуваат природата на формирањето на цртичките со заемното дејство на песокот и двонасочните протоци на воздухот. Точките, пак, се појавуваат во оној момент кога процесот на исцртување на линиите е прекинат од засега непознати причини.

Испрати коментар

Scroll To Top