На овогодишната Миланска недела на дизајн, презентирани биле голем број нови производи од светот на дизајнот, а еден од павилјоните што особено се истакнал е Kartell, еден од најголемите производители на мебел во Италија и симбол на знакот „Made in Italy“.
Kartell ја претстави новата визија на своите класики. Така, американскиот претприемач со италијанско потекло Lapo Elkann, инаку внук на Џани Ањели (1921-2003), трансформира „класични“ и препознатливи парчиња мебел Kartell дизајнирани од Angelo Citterio, Phillip Starck и многу други.
Тој со помош на машинска технологија на лепење, ги „обвиткал“ овие парчиња мебел со мотиви од автомобилски трки и популарни црно-бели принтови.
Целта на оваа реинтерпретација била да им даде нова естетика и да изгледаат сосема поинаку од претходните. Претседателот на Kartell, Claudio Luti смета дека изборот на Lapo Elkann е одличен потег на компанијата.
Совршена синергија помеѓу двете компании им овозможи да создадат заеднички дизајн и да ги поврзат автомобилската индустрија и начинот на живот за да создадат неконвенционален мебел со нов уникатен потпис.