Сите 222 квалификувани потрошувачи кои ќе бидат вклучени во либерализацијата на пазарот за електрична енергија се подговени. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, уверува дека почетокот на либерализацијата најавен за први април 2014, нема да биде одложен по втор пат и посочи дека внимателно се анализираат проблемите кои можат да настанат на почетокот од овој процес.
“Нема да дозволиме да има скокови на цената со електрична енергија, особено за домаќинствата и малите компании. Излегувањето од рамките на регулаторниот пазар на добар дел од потрошувачите секако дека ќе има влијание, но имаме симулации и модели кои ќе ни овозможат да го амортизираме ценовниот шок. Евентуалните ценовни шокови би значеле неуспешна или неправилно водена либерализација”, објасни Петров.