Насловна / Арт и дизајн / Дизајнот на новиот „мерцедес“ дело на Македонец

Дизајнот на новиот „мерцедес“ дело на Македонец

Mercedes-GLC-Coupe proekt na makedonec

Младиот македонец Славче Таневски, кој студирал на Машинскиот факултет во Скопје, а подоцна се дообразувал во Германија, стои зад дизајнот на најновиот сериски автомобил на „Mercedes-Benz“ – GLC Coupe.

„После четири години работа, конечно е официјално! Мојот прв автомобил во производство. Првиот автомобил кој го дизајнирав кој може да го купите. Му благодарам на одличниот тим кој го овозможи ова и ви благодарам за целата поддршка која ја добив, приватно и професионално“, напишал Славче на својата официјална фан-страница на „Facebook“ неодамна. „Mercedes-Benz“ во Бремен е местото каде што ќе се произведува новото GLC Coupe, а неговата цена во Германија и Велика Британија изнесува 49.444 евра, односно 40.580 фунти. Се работи за модел кој е  луксузна комбинација од спортски и патнички автомобил.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top