Насловна / Вести / Изложба за Византиската империја од српскиот уметник Зоран Чалија

Изложба за Византиската империја од српскиот уметник Зоран Чалија

Во рамки на „Скопско лето“, вечер во галеријата на НЛБ Банка ќе биде отворена изложба на слики од српскиот уметник Зоран Чалија – Чарли посветена на Византиската империја. Ја организираат Друштвото на ликовни уметници на Македонија и манифестацијата „Скопско лето“, во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Србија.

Изложбата е инспирирана од духовните корени и наследството, и е производ на двегодишната работа на авторот, кој ги нагласува духовните врски со Византија и православието, суптилно изразувајќи ги преку форми, зрачења кои доаѓаат од дамка, поетски хармонии и златни ореоли, притоа воведувајќи го набљудувачот во тематскиот контекст на приказната, соопштија организаторите.carli

Ликовната критичарка Оливера Вукотиќ  наведува дека Зоран Чалија преку визуелни средства ги претставува во слики повеќевековната историја, богатството на духот и културата кои го украсуваат ова поднебје.

– Ова е неговата ода на духовните отци и минати времиња. Во овие слики нема патетика, тие се лични чувства на авторот кои ја откриваат длабочината на неговата душа, истакнува Вукотиќ.

Зоран Чалија – Чарли учествувал на голем број групни изложби во Србија, Англија, Италија, Македонија, а своите дела ги има претставено на повеќе од 17 самостојни изложби. Автор е на голем број проекти од областа на културата, а свој потпис оставил и на педесетина сценографии на театарски претстави. Во 1989 година го основал театарот „Чарлина“ кој настанал со анимација во процесот на интеграција и социјализација на домот на деца без родители „Јован Јовановиќ-Змај“. Добитник е на голем број награди, во кои се вбројуваат и неколку први награди.

Испрати коментар

Scroll To Top