Во Париз, во седиштето на УНЕСКО, потпишан е договор меѓу Република Македонија и оваа специјализирана агенција на Обединетите нации, со кој Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија стана Институт од втора категорија под покровителство на УНЕСКО. Договорот го потпишаа директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски, генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и в.д. амбасадорот на Република Македонија во Париз Габриел Атанасов.![изиис](https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2016/07/изиис.jpg)
![изиис](https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2016/07/изиис.jpg)
Со ова признание, нашата земја ќе даде придонес во насока на преземање превентивни мерки од природните катастрофи во светот. Апликацијата на Република Македонија за основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје како Институт под покровителство на УНЕСКО од Категорија 2 беше потврдена за време на 37-та Генерална конференција на агенцијата одржана пред три години во Париз.