Насловна / Вести / Австрија: Со зелени површини против високите температури во урбаните средини

Австрија: Со зелени површини против високите температури во урбаните средини

Avstrija zeleni povrsini za ladenje3

Со доаѓањето на летото и високите температури, температурните разлики помеѓу градот и околните населби стануваат поизразени. Овој феномен се нарекува „градски топлински острови“ („Urban Heat Islands“). Притоа, треба да се истакне дека не станува збор за некоја нова појава, туку населението станува посвесно за постоењето на овој феномен поради глобалните климатски предизвици.

Avstrija zeleni povrsini za ladenje

Денес, температурите во градовите се за околу 6 степени повисоки во однос на периферијата. Со цел влијанието на климатските промени да се ублажи, Градот Виена разви стратегија која опфаќа дури 90 различни начини на планирање и изградба на станбените згради, со помош на кои во летните месеци температурите ќе можат да се намалат токму за 6 степени.  Општо прифатено е мислењето дека жештината во градовите е поизразена поради големиот број на жители и темните бетонски површини, што делумно е точно, но овој ефект се создава и заради хроничниот недостаток на зелени површини.

Avstrija zeleni povrsini za ladenje2

Виенските стручњаци утврдиле дека озеленувањето на дворовите, покривите и фасадите е најефикасно средство против високите температури во градовите, и тоа поради следните две причини: прво, станбените површини се заштитуваат од директното сончево зрачење, и второ – билките испаруваат вода во текот на фотосинтезата. Токму недостатокот на испарување е една од причините за урбаните топлински острови.

Avstrija zeleni povrsini za ladenje1

Затоа, во Виена во последните години се започнати многу проекти за озеленување на постоечките згради, а при изградбата на нови објекти архитектите се трудат за максимално вклучување на зелени покриви и фасади, но и останато хортикултурно уредување во својот концепт. Еден од најдобрите примери на ваков архитектонски концепт во Виена е зградата на комуналното претпријатие за згрижување на отпад, која е по целата своја надворешна површина прекриена со трева и цвеќиња.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top