Францускиот гигант во млечната индустрија Danone го купи американскиот производител и дистрибутер на органска храна, компанијата WhiteWave Foods за 12,5 милијарди долари.
Трансакцијата ќе му овозможи на Danone двојно да го зголеми своето работење во САД, наведе француската компанија во соопштението, додавајќи дека очекува преземањето да биде завршено до крајот на годината, пренесува агенцијата „Франс прес“.