Во Париз во галеријата Nikki Diana Marquardt,отворена е изложба на фотографии со наслов „50 години на групата Ролинг Стоунс“, посветена на половина век од постоењето на овој легендарен бенд. Почнувајќи со нивниот прв концерт во лондонскиот Marquee Jazz Club во 1962 година, ретроспективата прикажува 76 црно-бели и колор фотографии на познатата група во којашто доаѓале и заминувале големи имиња на светскиот рокенрол циркус.
Изложбата во Париз пристигна по Лондон и Њујорк, и ќе остане отворена до 12 јануари следната година.