Насловна / Вести / „Икеа“ својата прва продавница ја претвори во музеј за мебел

„Икеа“ својата прва продавница ја претвори во музеј за мебел

Шведскиот бренд за мебел „Икеа“ отвори музеј за мебел во шведското гратче Елмхулт.

Музејот е сместен во зградата каде што се наоѓала и првата продавница на „Икеа“.ikea muzej vo emhult (2)

Продавницата била отворена во 1958 година од страна на Ингвар Кампрад, продавач на кибрит, кој години подоцна станал еден од најбогатите луѓе во светот.ingvar-kamprad

„Икеа“, која на почетокот своите производи ги продавала преку каталог, е основана во 1943 година, во ова мало гратче со 16.000 жители, 120 километри северноисточно од Малме во рурално туристички регион.ikea muzej vo emhult (6)

„Имаме многу приказни кои можеме да ги раскажеме“, вели директорката на музејот Карина Клиок-Малмстен.ikea muzej vo emhult (1)

Творецот на синџирот за мебел, кој стана легенда и поради скромниот живот, над 35 години од животот помина во Швајцарија за да ги избегне даноците во татковината, посочуваат неговите критичари.ikea muzej vo emhult (3)

„Икеа“ е кратенка од Ингвар Кампрад, Елмтарид, семејната фарма, и Агунарид (неговото родно село), има вработено над 150 илјади луѓе во светот и има годишен обрт од над 30 милијарди евра. Компанијата има отворено 330 продавници на сите континенти.ikea muzej vo emhult (5) ikea muzej vo emhult (4) ikea muzej vo emhult (7) ikea muzej vo emhult (8) ikea muzej vo emhult (9) ikea muzej vo emhult (10) ikea muzej vo emhult (12) ikea muzej vo emhult (11) ikea muzej vo emhult (13) ikea muzej vo emhult (14)

Испрати коментар

Scroll To Top