„Центарот за рециклажа“ од Белград соопшти дека во рамките на акцијата за рециклирање на автомобили во компанијата „Фијат Крајслер Автомобили“ се рециклирани над 700 возила. Како што е наведено, сите рециклирани возила се постари од 15 години и главно се од програмата на „Застава“. Освен физичи лица во акцијата учествувале и компании кои ја искористиле оваа можност за обнова на својот возен парк.
Акцијата започнала во мај 2015-та, а сите заинтересирани можеле да го заменат своето старо возило за нов автомобил од марката „Фијат“, при што добивале попуст од 2.000 до 2.500 евра. Слична акција е покрената во 2009 година, а за три години постоење преку оваа акција се рециклирани над 13.000 возила.