Американецот Томас Рос тврди дека тој прв го измислил ајфонот (iPhone) и бара од Apple 7,5 милијарди долари отштета.
Американецот од Флорида своите тврдења ги поткрепува со цртежи на кои е прикажан електронски читач кој е замислен како прегледник на слики, видеа, филмови и друго, а би имал и комуникациски опции.
Неговиот уред исто би се напојувал со помош на батерија, а е со квадратен облик со заоблени агли. Рос барањето за патент го побарал во 1992 година, но бил одбиен бидејќи не ги платил сите потребни такси, пренесува MacRumors.
Освен 7,5 милијарди долари, Рос од Apple бара и 1,5% од севкупната продажба на уредите.