Општина Центар започна со реконструкција на една од најфрекфентните улици. Се обновува коловозот и тротоарите на улицата „Партение Зографски“, на потег од булевар „Водњанска“ до спојката со улица „Рилски конгрес“.
Се вади стариот и оштетен асфалт и се става нов со дебелина од 5 см. во должина од 470 метри.
Целосно се заменуваат оштетените павер елементи со нови бехатон плочки на тротоарот во должина од 600 метри.
Се менуваат и рабниците и се поставуваат пристапни патеки за лицата со посебни потреби.
Улицата е над Клинички Центар и граѓаните од градоначалникот Андреј Жерновски бараа нејзина реконструкција.