Насловна / Вести / Почнува проектот „Културно уметнички центар Текстил“ во Штип

Почнува проектот „Културно уметнички центар Текстил“ во Штип

Денес (1 јули) во Штип, во 19:30 часот ќе почне проектот „Културно уметнички центар Текстил“, што е во заедничка реализација на авторот Филип Јовановски со граѓанската иницијатива „Гласно“ (Кристина Ампева, Горан Трајков, Денис Ампев, Елена Трајков-Арсева, Лазе Арсов), како и Кристина Костова, Кристијан Панев и Владимир Лукаш.

КУЦ Текстил има за цел да организира активности кои се осмислени во соработка со повеќе штипјани и во насока на третирање на теми кои се поврзани со локалната индустриска гранка – текстилот.TEKSTIL LOGO_resize

Главната оска на овој центар, која го придвижува неговото функционирање, е двонеделната програма која обликува уметнички концепт замислен од Филип Јовановски. Оваа програма вклучува повеќе дискусии за работнички права и формите на синдикално здружување, работилници за деца, дискусиони средби, музички настани и друго, и преку неа се обидува да поттикне платформа за размислување и споделување искуства и да создаде релации.

Една од главните активности на центарот е и работењето на организацијата „Гласно“ која се обидува да ги промовира, поттикнува и анализира правата и начините на организирање на текстилните работници во Штип и штипско, со цел подобрување на нивните работнички и животни права.

КУЦ ТЕКСТИЛ е дел од  проектот  КЗГП (Култура за граѓански промени) на организацијата Факултет за работи што не се учат во партнерство со организациите: Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје, Фондација за развој на локалната заедница, Штип, Плоштад Слобода, Скопје, Центар за современи уметности, Скопје.

Куратор на проектот е Билјана Тануровска – Ќулавковски и стручна соработничка Ивана Васева.

Програма на КУЦ ТЕКСТИЛ во периодот 1-15.07.2016:

Петок, 1 јули 2016

19.30 – 20.00     „Штипски Гибања” – соло изведба на актерката Сања Арсовска во продукција КУЦ Текстил. Перформансот е дел од авторскиот проект(опера) Текстил, на Филип Јовановски и композиторот Владимир Лукаш.

20.00 – 20.30  „Она што беше КУД „Македонка” – Изложба на фотографии од истоимената книга на Благој Самоников. Изложбата е во соработка со Стојан Троицки.

20.30 – 22.30  Штип е И мој град – ДЈ сет на Вера Јанковиќ

22.30-00.00   Equinox Jazz Дуо – Штип

Сабота, 2 јули 2016

10.00 – 14.00   Детско Катче под раководство на Кристина Ампева

„Библиотеката на тркала“ – Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, Проект на УСАИД „Со читање до лидерство спроведуван од Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“

Часови по англиски за деца – Кристина Костова

17.00 – 20.00   Текстилни средби – Во организација на иницијатива ГЛАСНО

Понеделник, 4 јули 2016

19.00 – 21.00  Како до синдикално здружување – Работилница со Милан Живковиќ

Вторник, 5 јули 2016

17.00 – 20.00  Текстилни средби – Во организација на иницијатива ГЛАСНО

20.00-22.00   Текстилни проекции, поетско читање во организација на „Астални проекции“.

Среда, 6 јули 2016

20.00-22.00   Урбани уметнички акции – Изложба во организација на ЦСУ-Скопје

Четврток, 7 јули 2016

19.00 – 21.00  Човековите права на текстилните работници  – Работилница за човекови права со Уранија Пировска

Петок, 8 јули 2016

19.00 – 21.00  Човековите права на текстилните работници  – Работилница за човекови права со Уранија Пировска

21.00 – 23.00  Престап – Проекција на филм за правата на луѓето со посебни потреби и нивната пристапност до јавните институции  –  Автори: Весна Ристовска, Ѓорги Пулевски и Симон, Филмот е во продукција на проектната група од проектот Култура за граѓански промени во Битола.

Дискусија со авторите на фимот

Сабота, 9 јули 2016

10.00 – 14.00  Детско Катче под раководство на Кристина Ампева

Работилница за цртање на детски читанки со Владимир Лукаш и Александар Иванов

Саем на книги во организација на Темплум

20.00-21.30  „И фабриките имаат душа“ – филм/фото есеј замислен и реализиран од Јане Алтипармаков и Наташа Гелева

Херои на работничката класа – Самостојна изложба на Наташа Гелева

Разговор со авторите

22.00-23.00   Музички настап на музичко ДУО од Штип

Понеделник, 11 јули 2016

19.00 – 21.00  Како до синдикално здружување – Работилница со Милан Живковиќ

Вторник, 12 јули 2016

19.00 – 21.00     Улогата на женското тело во јавните институции, Работилница и јавна дебата – модератор Славчо Димитров

Учесници:  Ивана Драгшиќ, Билјана Гинова, Румена Бужаровска, Вики Младенова, Марина Трајкова.

21.00 – 21.45     Ќе има ли војна? – Соло перформанс на Ивана Атанасовска

20.45 – 22.00     Разговор околу претставата со авторката

Среда, 13 јули 2016

17.00 – 19.00     Читачки средби – Мојот маж , читачка група со Румена Бужаровска и Кристина Костова

Четврток, 14 јули 2016

17.00 – 20.00     Текстилни средби – Во организација на иницијатива ГЛАСНО

Петок, 15 јули 2016

20.00 – 21.00     КУЦ ТЕКСТИЛ – Инсталација на Филип Јовановски и композиторот Владимир Лукаш

Кино Култура Скопје

21.00 – 22.30     Дебата околу целосниот проект КУЦ Текстил

Модератор: Славчо Димитров

Учесници: Билјана Тануровска, Ивана Васева, Ивана Драгшиќ, Кристина Ампева, Горан   Трајков

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Спроведувањето на проектот „Култура за граѓански промени“ на организацијата Факултет за работи што не се учат е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top