Во тек е третата и завршна фаза од реконструкцијата на градинката „13 Ноември“. Со ова, по 40-ина години, во Центар се добива нов објект за згрижување и воспитување на деца, бидејќи од стариот останаа само sидовите и столбовите.
Се оспособуваат занимални, тоалети, влезен хол, административни простории и се прави влез за лица со посебни потреби.
Дотраената водоводна и електрична инсталација се заменува со целосно нова.
Општина Центар во градинката поставува и нов паркет, а во септември ќе бидат готови и пет занимални за децата од поголемите групи.
Фасадата ќе биде нова, според сите современи стандарди и со весели бои.
Подрумските простории ќе бидат целосно преадаптирани. При реконструкцијата на градинката „13 Ноември“, се внимава на зачувување и обновување на зеленилото. Партерното уредување ќе биде со нови дрвја и со ново зеленило.