Проектот со кој македонските студенти се
претставија на конгресот АСК 2010 во
Љубљана, беше реурбанизација на
индустриската зона во која се лоцирани
„Топлификациjа“ АД Скопје, ФАС „11
Октомври“, „Комуна“ АД Скопје и уште
неколку индустриски капацитети веќе на –
пуштени и заборавени и од системот и од
општеството. Препознавајќи го ква –
литетот на локацијата, тие презен тираа
нов концепт кој во целост ќе го искористи
капацитетот што овој простор го нуди
Од 26 до 30 април во Љубљана,
Словенија по 9-ти пат се одржа
Архитектонскиот Студентски Конгрес –
АСК на кој земаа учество 11
архитектонски факултети од Балканот на тема
„Реурбанизација на индустриските подрачја во
градовите“.
Целта на овогодишниот конгрес беше студентите
да ги согледаат промените што се имаат случено
во последните неколку години. Најголемите
промени се видливи главно на индустриските
згради, кои за времето на транзицијата се имаат
променето во ДУО, односно ДУП (деградирани
урбани подрачја) и сега добиваат нова, пред сè
пазарна намена: хотели, трговски објекти, деловни
простори и останати високопрофитабилни
содржини. Но дали е тоа вистинскиот пристап при
менувањето на индустрискиот простор, или пак се
работи за правило дека секогаш проектите од
ваков тип треба да одат од една во друга крајност?
Во тој контектст, задачата на студентите на овој
конгрес е да дојдат до одговори за иднината, до
вистинско решение за проблемите од ваков вид.
Оваа година на поканата одговорија
факултетите од Бања Лука, Белград, Марибор,
Косовска Митровица, Ниш, Нови Сад, Подгорица,
Сплит, Загреб, домаќинот Љубљана, како и
македонските учесници од Архитектонскиот
факултет од Скопје. Факултетите земаа учество со
по 10 студенти -партиципанти избрани во матичните
факултети и ментори кои ги предводеа
делегациите. На конгресот е дозволено и учество на
студенти – гости од истоимените факултети кои се
добредојдени да се вклучат во комплетната
програма која што ја нуди конгресот.
Секој тим беше задолжен да подготви проект –
идејно решение на тема „Реурбанизација на
индустриските подрачја во градовите“ и истиот да
го презентира пред тамошниот аудиториум, како и
да изработи промотивен плакат. Освен 11-те
презентации на проектите од факултетите –
учесници, програмата на конгресот опфати
широк спектар на случувања: свечено отворање, 8
тематски предавања, изложба, работилница,
стручни екскурзии во Љубљана, Постојна, Копер и
Пиран, национална вечер за претставување на
земјите учеснички и организирани заеднички
дружења.
За време на конгресот учесниците беа
запознати со словенечките градови, проблемите со
кои се соочуваат, како и нивните визии.
Централната тема и изведбениот простор требаше
да бидат поврзани со широките потреби и
интереси на Словенија, со различни проблемски
локации, кои беа избрани со главните
потенцијални партнери: Архитектонскиот факултет
од Љубљана, Општината на град Љубљана,
Министерствата за околина и простор, високо
образование, култура и надворешни работи,
Студентската организација при Универзитетот во
Љубљана и можните спонзори од приватниот
сектор. Со разноликата програма организаторите
успеаа да создадат позитивна клима, погодна за
квалитетен меѓународен дијалог, запознавање со принципите и методите за решавање на
архитектонско-урбанистичките проблеми, за на
крај да се воспостави пријателска врска со
студентите и професорите од државите на
некогашна СФРЈ. Имено, конгресот беше одлична
шанса за стручна соработка и размена на
искуства во врска со соодветните начини за
решавање комплексни просторни проблеми, но
воедно и можност за одмерување на знаењата на
нашите студенти со нивните колеги од регионот.
Македонската делегација во состав: Елена
Петровска, Ирина Стефановска, Марјан Димиќ,
Дамјан Момировски, Павлинка Атанасова,
Драгана Аговска, Наташа Ѓорѓиевска, Ивана
Ангелова, Христина Стојчевска, Дарко Крстевски,
Татјана Врангаловска , Филип Конески, Билјана
Стамболиева, Драган Крстевски и Маја
Димишкова, од Архитектонскиот факултет во
Скопје. Проектот со кој тие се претставија на
конгресот беше реурбанизација на индустриската постоело на тој простор. Меморијата за него,
студентите решаваат да ја задржат како важен
белег за својот град и во нејзино име да продолжат
да работат на просторот и да развиваат нови идеи
за ревитализација. Имено, новиот концепт нуди
отфрлање на индустријата, која и без тоа е веќе
пропадната и замрена, но задржување на производот и негово имплементирање во новата
замисла. Идејата е да се остави слободно течење
на природниот процес за „самоуништување“ на
локацијата, кој е веќе одамна започнат, па така по
природен, но контролиран пат да се дојде до еден
парковски простор во кој би се вметнале различни
активности кои ќе говорат за духот на локацијата и
она што некогаш таа претставувала. Можните
сценарија за тие активности се буквално
неограничени и бесконечни. Некои од предлозите
на студентите се искористување на старите и
неупотребливи автобуси и нивно пренаменување
во проекциони кабини, мали предавални, кафе-
барови или интернет кафеа со кои би се зачувала
меморијата за ФАС 11 Октомври. Од хартиените
производи на фабриката Комуна постои можност
за изработка на изложбени паноа за млади
уметници, простори за детски игри, картонски
ѕидови за графити уметници, изработка на
симболичен картонски лавиринт, хартиени
гигантски оригами, скулптури и слични сценарија
кои би го потенцирале белегот што таа индустрија
го оставила врз нашето општество. Малите
работилници на АД Пролетер, пак, студентите ги
видоа како одлична можност за сместување на
мини ателјеа на млади уметници, простори за
спорт и рекреација, создавање музика, мали
читални или едноставно затворени безбедни
простори за дружење. Сите овие сценарија се
само мал дел од бесконечната листа на
можности и замислата е тие постојано да се
менуваат што ќе придонесе за атрактивноста на
локацијата и потребата на граѓаните да ја
посетуваат повеќепати. Оваа променливост и
непостојаност беше инспирација од номадскиот
начин на живот на дел од жителите што живеат на
локацијата, велат студентите, односно на ромското
население за кое тие предвидуваат ново живеа –
лиште во една од халите на ФАС 11 Октомври.
Оваа идеја за вметнување на „дом во дом“ е веќе
поз ната во светот и такви примери бележиме во
Холандија каде што во еден поголем простор се
смес туваат помали монтажни објекти и на тој на –
чин се формира колективно домување на повеќе
семејства под еден заеднички покрив. Просторот
што се ослободува веднаш на брегот од реката
Вардар, што е воедно и најатрактивниот простор
на локацијата, студентите го предвидуваат за пос –
та вување на градски камп кој на Скопје му недо –
стасува.
Целта на оваа програма која студентите ја
нудат, одлично се вклопува во веќе развиената
мрежа на рекреативни содржини по течението на
реката Вардар и е вистинско освежување за оваа
напуштена, мрачна и неатрактивна зона која сама
по себе е небезбедна за околното население. Сту –
дентите во својата презентација напоменуваат де –
ка нивната цел не е да претстават нешто ново, ниту
пак да го избришат она што веќе постои таму, туку
да ги реинтерпретираат постојните физички со др –
жини на начин кој е корисен за граѓаните и кор ис –
тен од нивна страна. Тоа го постигнуваат со одр –
жување на компромис и баланс помеѓу при –
родата и индустриското наследство. Познавајќи го
постојаното трагање по нови одговори, пре диз викот
што тие си го поставија беше да ре витализираат
нешто што е старо и неупотреб ливо без притоа
тотално да го искоренат од меморијата.
Овој проект наиде на многу позитивни реакции
на конгресот и без лажна скромност може да се
каже дека македонската презентација беше
фаворит меѓу учесниците.
Но колку сево ова наиде на разбирање и
позитивни реакции дома, е веќе друга приказна.
Проблемот со финансирање на нивното учество
на конгресот, студентите го преземаа како свој
личен товар. Архитектонскиот факултет од Скопје
не застана во целост зад своите студенти, ниту пак
вратите на државните и приватните спонзори беа
отворени за нашите претставници на конгресот.
Оваа одлична можност за промовирање на мла –
ди те идни македонски архитекти е многу
отежната, заради постоењето на проблеми во
македонскиот образовен систем. Годишно во
светот се одрж уваат многу настани од ваков тип
кои се вистинска можност за одмерување на
силите меѓу сту ден тите по архитектура и
собирање на искуство за нивно професинално
созревање, но на кои наши претставници не
учествуваат заради проблеми кои имаат
финансиска, а не архитектонска заднина, велат
студентите. Токму тоа беше причината за
двегодишното отсуство на наши претставници на
АСК. Комплетното успешно претставување на
македонските студенти, нивната позитивна
енергија, отвореноста за соработка и дружење,
како и познатата македонска гостопримливост,
пре д извикаа искрена желба кај останатите
учесници Скопје да го видат како иден град
домаќин на АСК 2011. Домаќин на следниот
архитектонски студентски конгрес ќе биде
Архитектонскиот факултет од Подгорица на кој
сме повторно поканети. Се надеваме дека
студентите идната година ќе наидат на позитивни
реакции од страна на надлежните институции и
нема да мораат самите да ги плаќаат трошоците
за учество на конгрес на кој ја претставуваат
својата земја.