Шведската дизајнерка на ентериери Marie Olsson Nylander е авторка на оваа прекрасна куќа во која се опушта и ужива во мирот на семејниот живот. Куќата се наоѓа во малото шведско место Арилд . Ова прекрасно здание било изградено во 1970 година.
Дизајнерката и нејзиниот сопруг го разгледувале овој прекрасен дом повеќе пати пред да се одлучиле да го купат. По купувањето, според зборовите на самата дизајнерка, веднаш им станало јасно каков генијален простор имаат и дека можат да го уредат токму како што замислувале.
Ги отстраниле старите подови и создале нова организација на животен просторот: белите ѕидови станале чисти и бели платна за декоративни предмети во целиот ентериер, додека големите прозорци биле оставени за да се овозможи што поголемо количество природна светлина. Стари кружни скалила што ги поврзуваат двата ката биле дополнително додадени и тие се главниот детал во просторот.
Собите се украсени со „безвременски“ парчиња на мебел: маса во трпезаријата од Египет , слики од уметникот Tove Mauritzson, стари софи… Старите, користени предмети, од кои секој раскажува приказна си најде свое место во оваа прекрасен дом, и на тој начин тие потсетуваат и на заедничката љубов во собирањето на убавите украсни предмети и мебел.
Нивниот дом може да ги охрабри сите оние кои сакаат да креираат сопствени простори во кои ќе се почувствуваат нивните специфични афинитети и лични карактеристики.