Насловна / Арт и дизајн / Прв мурал на реакторот во Чернобил

Прв мурал на реакторот во Чернобил

Австралискиот уметник Гвидо ван Хелт и украинскиот режисер Гео Лерос преку заедничка соработка го создадоа првиот уличен уметнички проект во рамките на заштитеното подрачје на нуклеарката Чернобил во Украина.cernobil grafit (1)

Фотореалистичниот мурал го наслика уметникот Гвидо ван Хелт користејќи ја како модел фотографијата на фотографот Игор Костин, направена за време на нуклеарната катастрофа во 1986 година.На овој начин уметниците ја одбележуваат 30-годишнината од трагедијата и му оддаваат почит на Игор Костин кој меѓу првите ги документирал последиците од несреќата, со фотографии кои пропатуваа низ светот. cernobil grafit (2)

Неколку години по трагедијата, Костин се враќал во градот Припјат, кој веднаш по несреќата бил целосно евакуиран и до денес е мртов град,  и ги документирал активностите на санацијата  по несреќата, жртвувајќи го сопственото здравје, со цел да пренесе порака на светот за опасностите од нуклеарните катастрофи. cernobil grafit (4)

Тој загинал во сообраќајна несреќа во 2015 година.Муралот е насликан со дозвола на локалните власти и се наоѓа во внатрешноста на реакторот број 5. Ван Хелт работел во заштитна униформа, поради сеуште опасно високото ниво на радијација која останува трајна последица на оваа област.cernobil grafit (3)

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top