Основните цели на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Крива Паланка за 2014 година, се намалување на потрошувачката на енергија во јавните објекти, имплементација на ефикасно улично осветлување, и други мерки со задолжително позитивно влијание врз животната средина. За спроведување на оваа Програма, меѓу другото предвидени се и обуки за енергетска ефикасност на вработените од општинската администрација. Средставата за спроведување на сите зацртани активности ќе бидат обезбедени од различни извори, односно од ЕЛС, ЗЕЛС, Агенција за енергетика, МТСП, ИПА Програмата, ЕУ фондови и Министерството за образование.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Донесена Програма за енергетска ефикасност на Крива Паланка