Како дел од познатиот дворец во Париз, привремено е инсталирана челична конструкција од чијшто врв се преливаат големи количини на вода од езерото.
Познатото студио „Олафур Елиасон“, создаде инсталација Waterfall, која треба да покаже како природата може да влијае на изградената структура.
Оваа импресивна инсталација, која ги остава посетителите без здив, ќе биде дел од изложбената програма во Версај до 30 октомври оваа година.
Силата и правецот на ветерот, како и светлината константно влијаат врз визуелниот изглед на инсталацијата Waterfall.
Високата челична конструкција во жолта боја, со својата структура и динамичност во моментов доминира со версајската градина во Париз.
Водата се слева од врвот на кулата направена од челичните носачи.
Со целата нејзина висина впечатливи се црните цевки кои со помош на пумпи ја доведуваат водата до платформата на врвот, од каде што водата паѓа слободно до десетици метри подолу, пишува на веб-страницата Olafureliasson.
Експонираната инфраструктура на водопадот укажува на спојот на изградената структура на околните градини и на природните сили кои не може да се контролираат.