Славниот пејач и актер Френк Синатра во периодот меѓу 1961 и 1972 година со неговата тогашна сопруга, актерката Миа Фароу, живееле во Њујорк во двоспратен пентхаус од 278 квадратни метри.
Потоа, Синатра го продаде станот на својот стоматолог, кој во него живеел до 2008 година, и благодарение токму на него, просторот не е променет сите овие години, па затоа сега можеме да видиме фотографии од оригиналниот ентериер.
Станот се состои од четири спални соби и шест купатила, а висината на таванот достигнува 5,5 метри. Има две огромни тераси со поглед на „Ист ривер“.
Меѓу личностите што биле гости на познатите забави и вечерите што Синатра ги приредувал во овој пентхаус се Џон Кенеди, Мерилин Монро и Енди Ворхол.
Декор на ентериерот неодамна беше реновиран и сега можеме да видиме модернизирани скалила, мермерен камин и современ мебел.