Насловна / Вести / Изложба на фотографии „Патот на Инките“ во Мала Станица

Изложба на фотографии „Патот на Инките“ во Мала Станица

Вечер (16 јуни) во објектот „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија ќе биде отворена изложба на фотографии „Патот на Инките“.2016 06 17 invitatie-peru

Организатор на изложбата е амбасадорот на Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Хозе Антонио Ароспиде дел Бусто. Оваа патувачка изложба се состои од 47 фотографии и е преземена од Романија.

На отворањето на изложбата, покрај перуанскиот амбасадор, ќе присуствува и почесниот конзул на Перу во Македонија, Ненад Јанакиевиќ.
Изложбата во Мала станица ќе биде поставена до 30 јуни.

Испрати коментар

Scroll To Top