Насловна / Арт и дизајн / Кралски накит

Кралски накит

уникатен накит меллерио париз (8)Париз е град каде што и натаму се наоѓа една од најстарите продавници за накит во светот Mellerio dits Meller, која изработува најфин накит со традиција долга 400 години.

Компанијата Mellerio dits Meller е основана во 1613 година од познато италијанско семејство со исклучително искуство во обработка на накит.уникатен накит меллерио париз (13)

Продавницата/работилницата претставува една од најинтересните места во Париз и е, секако, вредна да се посети, ако ништо друго барем заради еден краток поглед низ излогот на самиот простор. Лабораторијата е сместена на улицата „Мира број 9“ од 1815 година, каде што до ден-денес, мајсторите на златарскиот занает дизајнираат и креираат врвни парчиња накит.уникатен накит меллерио париз (12)

По повод прославата 400 години од основањето, компанијата одаде чест на првата важна личност која била и редовен клиент. Така, во чест на кралицата Марија, претставена е цела колекција накит, која настанала во соработка со дизајнерското студио Edeenne од Канада. Секако, кралицата Марија не била единствената личност за која во минатото биле изработувани уметнички дела од накит.уникатен накит меллерио париз (11)

Париската компанијата, со својата умешност и оригиналност служела на познати личности како кралицата Марија Антоанета, за која била изработена белегзија од рубини или дијадемата специјално нарачана од сестрата на Наполеон.уникатен накит меллерио париз (9) уникатен накит меллерио париз (10)

Кралот на Холандија во 1888 година нарачал изработка на ѓердан од рубини. Меѓу највпечатливите проекти во текот на својата повеќевековна традиција создадена во Mellerio dits Meller, се истакнува брош во облик на паун со златни пердуви и тело обложено со дијаманти. Оваа луксузна нарачка била желба на индискиот Махараџа на почетокот на 20 век.уникатен накит меллерио париз (1) уникатен накит меллерио париз (2)

Колекциите што се денес на понуда вклучуваат мотиви со најпознатите дела од нивната богата историја, како што се трите сета „Кралица на Срце”, кои се посветени на кралицата Марија Антоанета или дијамантскиот прстен посветен на царицата Евгенија.уникатен накит меллерио париз (3) уникатен накит меллерио париз (4) уникатен накит меллерио париз (5) уникатен накит меллерио париз (6) уникатен накит меллерио париз (7)

Денес, Mellerio претставува и останува уникатен стил на обработка на скапоцени камења, со ексклузивен начин на фино брусење на овалните површини.

Испрати коментар

Scroll To Top