Познатото белгиско дизајнерско студио Muller van Severen, неодамна претстави необични, но ефективни лежалки направени од цврсто ткаена жица.
Со својата едноставност и проѕирност, овие дизајнерски лежалки доаѓаат во неколку бои – црвена, зелена, бела и сива, а со своите заоблени форми овозможуваат опција за лесно нишање.
Поради својата минималистичка естетика и едноставност, дизајнерите ги споредуваат со лист хартија или душек. Она што сигурно им оди во прилог е лесната конструкција од жица, заради што се лесно мобилни, односно можат да се пренесуваат каде било.