Насловна / Вести / Општина Зелениково по втор пат бара инвеститор за голф-терени

Општина Зелениково по втор пат бара инвеститор за голф-терени

630x422Општина Зелениково го објави вториот оглас, во кој бара инвеститор за изградба на голф-терени на територијата на оваа општина.

Откако пропадна првиот обид да се најде партнер за јавно-приватна изградба, оперирање, управување и одржување на спортско рекреативен центар, општината не се откажува од планот за изградба на луксузен комплекс со голф-терени.

Концесионерот ќе го добие просторот предвиден за оваа намена на период од 30 години. Според општината, вредноста на земјиштето изнесува повеќе од 70 милиони денари.

Три критериуми ќе бидат пресудни при одлучувањето. Годишниот надомест за концесијата, бројот на потенцијални вработувања, како и бројот на легла во сместувачките капацитети кои ќе бидат изградени.

Идејата за изградба на голф терени во скопско Зелениково потекна од македонската влада уште пред неколку години. Нејзините планови беа на овој потег да се изгради спортски комплекс од 65 хектари. Во насока на реализација на зафатот, владата лани подготви физибилити студија за оценка на оправданоста од избор на приватен партнер за проектот.

Луксузниот комплекс во месноста Пакошево предвидено е да содржи хотели, бунгалови, голф – терени и други спортски игралишта. Локацијата е во близина на аеродромот „Александар Велики“ и Коридорот 10.

Понудите од инвеститорите Општина Зелениково ги очекува најдоцна до 30 јуни.

Испрати коментар

Scroll To Top