Општина Центар го реконструираше кровот над аулата и просториите во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Стариот кров, кој беше стар 30-ина години, имаше салонитни плочи, кои беа од канцероген материјал и забранети. Наставниот кадар реагираше бидејќи кровот протекуваше.
Стариот кров е отстранет и монтирани се 375 кавдрати нов кров од челичен поцинкуван пластифициран ребраст лим, високо квалитетен и по сите еколошки стандарди.
Оваа интервенција во училиштето ја вети градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, веднаш по реконструкцијата на фискултурната сала и аулата во ова училиште.
И ова е дел од проектот „Нова пролет, нова офанзива!”
Следува финиширање на целосната реконструкција на градинката „13 Ноември“.