Галеријата Флукс и оваа година во соработка со интернационалниот саем за современа уметност „Паратисима Скопје“ додели специјални награди за најдобрите остварувања. Авторите ќе бидат наградени со две самостојни изложби во продажно-изложбената галерија Флукс. Добитничките дела се инсталацијата Templum Aeternum изработена од архитектите Христина Секулоска и Ирена Милојеска и делото Solar System на авторката Тамара Забазноска.
Се работи за архитектонско уметничка инсталација која го привлече вниманието на сите посетители на саемот и уметничко дело во категорија слика-цртеж кое се издвои со својата современост и автентичност.
Двете самостојни изложби ќе бидат реализирани во FLUX Gallery до крајот на оваа година.