Насловна / Арт и дизајн / Дела на Банкси го окупирале центарот на Рим

Дела на Банкси го окупирале центарот на Рим

Дури 150 дела на британскиот уличен уметник Банкси изложени се во музејот на Palazzo Cipolla во центарот на Рим. Всушност, тоа е најголемата организирана изложба посветена на овој мистериозен уметник, а која се одржува во рамките на изложбениот проект наречен War, Capitalism and Liberty. Изложбата ќе биде отворена до 9 септември.банкси рим (4)

Делата на Банкси се поделени во три категории, односно во три теми кои се спомнуваат во насловот на проектот. Она што е интересно во сето ова е дека сите 150 дела се автентични и оригинални, а во текот на три месеци пристигнувале од колекционери од целиот свет.банкси рим (6)

Да се потсетиме, Банкси е уметник чиј идентитет се уште е непознат, и покрај многуте обиди за негова демистификација. Тој со своите дела, завиени во сатира и со преиспитување на актуелни општествени и социјални теми, ги заинтригира љубителите на уличната уметност, па дури и оние што тоа можеби не се.

Неговите дела во меѓувреме, се нашле како во рацете на почитувани трговци на уметнички дела, така и кај некои познати личности.банкси рим (5) банкси рим (3) банкси рим (2) банкси рим (1)банкси рим (7)

Испрати коментар

Scroll To Top