Иако Google има свој оддел за развој на автономни возила, соосновачот на компанијата, Лери Пејџ, вложува и во конкурентски компании. Компанијата Zee Aero добила 100 милиони долари од него, а се занимава со развој на летечки автомобили, соопшти Bloomberg.
Пејџ, кој во моментов е извршен директор на Alphabet, не запрел тука – помош од него добила и компанијата Kitty Hawk која на друг начин развива автомобил што ќе може да лета.
На Zee Aero Пејџ им го остапил и објектот каде што работат, а Bloomberg пишува дека неговите очекувања од проектот летечки автомобили се големи.