Малите станови, оние кои се минимални според своите димензии, секогаш претставуваат предизвик за архитектите кои се занимаваат со внатрешно уредување, а од друга страна пак, овие станови се позастапени поради фактот дека станбениот простор во развиените и големи градови е во дефицит.
Овој мал стан се наоѓа во центарот на Лисабон, Португалија, и истиот поради овие причини е минимален по својата површина.
Овој стан е составен од еден интегриран простор во кој пак се мешаат сите основни функции на еден дом. Освен дневниот простор, кујната и трпезаријате, во овој интегриран простор се наоѓа и дел за одмор или дел за ноќевање.
Овој дел, каде е сместен креветот, е делумно визуелно поделен од делот кој е јавен.
Интересно кај овој стан е тоа што целиот е исполнет со интересн, ретро детали кои му даваат посебен „шмек“ и стил на просторот. Тие се поставени насекаде, на ѕидовите, мебелот е исто така, ретро со модерна интерпретација и слично.