До 2025-та година во Норвешка ќе бидат забранети возилата кои користат фосилни горива, односно возилата со мотори со внатрешно согорување. Како што пренесуваат медиумите, четирите најмоќни политички партии во земјата се сложиле до 2025 годите сите возила да бидат на електричен погон.
Сепак, оваа одлука доведе до противење на еден дел од десницата, која истакнува дека ваквата мерка би била штетна за економијата на земјата бидејќи приходите од експлоатација на нафта во Норвешка се од големо значење. Во моментот над 24% од автомобилите во Норвешка се на еколошки погон.