Денес почнува новото издание на Фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, кое што е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, а ќе се одржи од 9 до 11 јуни во Спортско-рекреативниот центар „Плаја Виста“.
Под мотото „Поврзиме со креативност“ (Hub be with Creativity) во трите фестивалски денови ќе ги проследиме настапите и искуствата на реномираните гости од Европа – Карл Малмвал, Хајдулф Гернгрос, Полигон Словенија, Ана Лишч, Викториа Новак, Ренета Георгиева, потоа македонските дизајнери и уметници Доминиум, Лудус, Нина Нинеска…
Куратор на овогодишното издание на „Скопје креатива“ е архитект Иван Мирковски.
Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настаните од програмата која вклучува филмски проекции, видео перформанси, изложби, презентации и стручни работилници.
На „Скопје креатива 2016“ учество ќе земат дизајнери на 33 поп-ап продавници со свои лични изработки на модни додатоци, накит, филигран и предмети за дома. Дел од фестивалот е резервиран и за претставување на проектот ИнфоМлади@Креативни – кои ќе се презентираат во пет различни области: филм, мода, веб апликации, макети и кулинарство. Секако неизбежен дел од забавната програма се и музичките гости – групата ТИ (Србија) и Foolish Green (Македонија) со свои концерти, како и музичките сесии на Диџеј Адо и Диџеј Шурбе кои се задолжени за вечерна забава на фестивалската публика.
Фестивалот е од отворен карактер, настаните се бесплатни, а работилниците отворени за сите заинтересирани. подобра навигација на настаните на „Скопје креатива 2016“, еве ја комплетната програма:
Четврток, 09.06.2016
20.00-21.00- Отворање на фестивалот Скопје креатива 2016
Изложби и презентации:
– Изложба/презентации на проект дизајни Hub me with creativity
– Изложба “agro.design / planting ideas” workshop, Универзитет Аристотел – Факултет за применети и визуелни уметности, Солун, Грција
– Изложба на професори и студенти од Факултетот за архитектура и урбано планирање, УБТ, Приштина, Косово
– Изложба на селекторката Елиза Хоџа (архитект, професор), Приштина, Косово
– Изложба на Факултет за арт и дизајн/ЕУРМ, Скопје
– Изложба на Факултет за архитектура и дизајн/Американ колеџ, Скопје
– Изложба на Архитектонски факултет / УКИМ, Скопје
– Претставување на проектот Инфо млади@креативни (Работилници за:мода/костим, ментор: Наташа Андонова – Кочо Рацин;
кратки сценарија/филм, ментор: Небојша Јовановиќ – Орце Николов;
макети, ментор:Мартин Гулески – Здравко Цветковски;
ИТ апликации, ментори од ФИНКИ – Раде Јовчевски Корчагин;
кулинарика, ментор: Марк де Јонг -Лазар Танев.
– Попап продавници со 33 учесници (дизајнери, уметници, инвентори)
20.30-20.40 Филмска проекција: Недела – Инфо млади@креативни/Работилница за развој на кратки сценарија и снимање краток филм. Ментор: Небојша Јовановиќ – ученици од средното училиште Орце Николов
21.00-22.00 Концерт,ТИ (Србија)
22.00 – 22.30 Филмска проекција (ФДУ): Мизар: Ѕвезда на надежта, Режија, сценарио и монтажа: Марко Џамбазоски (17:15)
22.30-23.30 Концерт, Foolish Green (Македонија)
Петок, 10.06.2016
Презентации:
10.00-10.30 Ренета Георгиева (Пловдив, Бугарија), Kapana Creative District, Project: Plovdiv 2019
10.35-11.05 Кристијан Бенич (Риека, Хрватска): Reinventing of public libraries with 3D printing and online publishing: How can libraries help development of creative industries
11.10-11.20 Слободан Живковски, Изложба на дизајн концепти на столчиња
Мастер клас (предавање):
11.30 -12.30 Клаус Малмвал (Стокхолм, Шведска):From raw material to recycling and from IKEA to small space solutions
Презентации:
13.00-13.45 Универзитет Аристотел – Факултет за применети и визуелни уметности, (Солун, Грција) / Георге Лијамадис: Synergy of STEM and the Arts as a precondition of creativity and innovation: key projects of the AUTH Industrial Design Lab
13.55-14.25 Универзитет Аристотел- Факултет за применети и визуелни уметности, (Солун, Грција) / Пенелопе Пападимитраки, Еугенија Фалијариду: agro.design / planting ideas
14.35 – 15.05 Игор Трупина /Полигон Словенија: How coworking & maker spaces breed creativity
Работилници:
10.00 – 12.00 Работилница за деца Спирит.Мк: Картон град (1 дел)
16.00 -17.00 Култ Транзен /Јасмина Магалиева, Работилница за младинци: Илуминации и нивната примена во издаваштвото (Струмица)
17.00 -18.00 Ивица Стоимановски /Работилница: 3Д анимација за реконструкција на културно-историски споменици (археолошки локалитети) во служба на туристичко-едукативна промоција (Скопје)
Вечерна програма:
20.00 – 21.00 Видео и мултимедијално претставување на Архитектонскиот факултет
21.00 – 24.00 Диџеј Адо
Сабота, 11.06.2016
Презентации:
10.00-10.15 Стрип центар на Македонија, Велес / Томе Трајков: Скопје стрипува
10.20-10.30 Вера Христовска: Македонски орнаменти (боенка)
10.35 -11.05 Ана Лишч (Полска): Проект:Tapio, Проект: M.A.M Airbag
11.10 -11.20 Надица Кипровска и Орхидеја Огњановска: Урбанолд
Перформанс-презентација:
11.30 -12.30 Хајдулф Гернгрос (Виена, Австрија): The Art of Materialization
Презентации:
12.45-13.15 Модулар арт дизајн / Нина Нинеска: Претвори ја својата креативност во стварност
Работилници:
10.00 – 12.00 Работилница за деца и младинци Спирит.Мк: Картон град (2 дел – преработка на картонски отпад и изложување)
13.15 – 14.15 Работилница со Лука Пискорич / Полигон Словенија: Crowdfunding – what it takes to make a successful crowdfunding campaign
14.30 -15.30 Работилница со Викторија Новак (Полска): Textile thinking
16.00 -17.00 Работилница со NewMan’s Business Accelerator
17.00 -18.00 Креативна работилница за брендирање, Меккен Скопје
Вечерна програма:
20.00 – 21.00 Видео и мултимедијално претставување на Архитектонскиот факултет
21.00 – 24.00 Диџеј Шурбе