Насловна / Арт и дизајн / Кукла како симбол на бегалската криза

Кукла како симбол на бегалската криза

Група белгиски уметници направиле џиновски мигрант на надувување за да ја прошират свеста за тешката ситуација  во која се наоѓаат луѓето кои останале без своите домови поради војната во своите земји  и морале да побараат втор дом.

Белгискиот уметнички колектив „Шелекенс енд Пелеман“ направил шест метри висока кукла на надувување во облик на мигрант.кукла на надувување_1

Куклата ја нарекле Inflatable Refugee и како што велат, таа претставува симбол на дехуманизацијата и бегалската криза која се случува денес во светот.кукла на надувување_2

– Уметноста може да ни помогне на поинаков начин да го согледаме светот и да ни пружи поглед на реалноста – велат авторите на овој проект.Denmark Inflatable Refugee

Во исто време, тие додаваат дека уметноста мора да има критички осврт на општеството во кое живееме, а уметниците се тука пред се да разменуваат идеи и да прават дебати, поттикнувајќи ги луѓето на размислување и расправа, а не да нудат готови решенија и одговори. Огромната кукла на надувување привлекла големо внимание во пристаништето на Копенхаген.

Испрати коментар

Scroll To Top