Во Слатина, недалеку од Приштина, во понеделникот е пуштена во работа фабрика за производство на фотоволтаични панели. Со капацитет за производство од 200.000 парчиња годишно, се работи за најголема фабрика од овој вид во регионот. Фабриката “Jaha energy solar company” е германско – косовска инвестиција вредна 5 милиони евра која вработува 50 работници. Компанијата нуди фотоволтаици погодни за секакво климатско подрачје, компоненти за фотоволтаични централи, како и системи за напојување и складирање на електричната енергија.