Насловна / Арт и дизајн / Прекрасни илустрации направени во AutoCAD

Прекрасни илустрации направени во AutoCAD

Архитектката Fabiola Morcillo Nunez од Чиле го користи популарниот софтвер Autodesk за цртање на поп-арт дела инспирирани од азиската култура.1989 (4)

AutoCAD најчесто се користи за цртање на архитектонски, граѓански, механички и слични технички проекти, додека други софтвери, како што се Illustrator или сега веќе застарениот Corel, биле резервирани за цртање на илустрации.1989 (3)

Сепак, човечката креативност нема граници, па така на 26-годишната Чилеанка овој популарен CAD програм и послужи како алатка за изработка на фантастични поп-арт дела.

Fabiola Morcillo Nunez е архитектка на Универзитетот во Чиле и таа повеќе од една година под името 1989 црта илустрации во AutoCAD.1989 (6)

Нејзините дела се инспирирани од азиската архитектура, па така настанале илустрации кои покажуваат имагинарни простори во поп-арт стил.1989 (2)

Нејзината прва работа е инспирирана од концептот на музејот посветен на познатиот јапонски уметник Hiroshige (1797 – 1858), што го направил славниот архитект Kengo Kuma.

На нејзините дела влијаат уметноста, историјата, архитектурата, но и секојдневниот живот, пишува ArchDaily.1989 (1) 1989 (1) 1989 (5) 1989 (8) 1989 (7)

Испрати коментар

Scroll To Top