Насловна / Ентериери / Тренд на употреба на азискиот дизајн во уредување на домовите

Тренд на употреба на азискиот дизајн во уредување на домовите

Многу дизајнери на ентериерите имаат тенденција да ги употребуваат принципите на азискиот внатрешен дизајн, кој во себе содржи голем број традиционални симболи, антиквитети и карактеристични тонови и бои.

1-aziski-dizajn

Овој дом кој е сместен во Тајпеј, има одличен контраст на природни акценти кои се поставени на една чиста индустриска подллога. Во дневната соба има голем контраст помеѓу подот, ѕидот и плафонот, од една страна, и седечката гарнитура и тепихот, од друга страна, кои изгледа како да лебдат во просторот.

2-aziski-dizajn

Исто така, просторот наменет за трпезарија е само визуелно одвоен од дневната соба, иако дели ист простор со неа. Кај трпезаријата ѕидовите и подот се обработени во друг материјал обоен во бела боја, што според азиската култура му дава посебно значење на просторот во кој се консумира храната, и тој е „чист“ и светол.

3-aziski-dizajn

Чистината и јасноста во дизајнот, што е одлика на азискиот дизајн, може да се забележи насекаде во овој простор, па така подот е мазен и монолитен, мебелот е обликуван од прави и јасни линии и слично.

4-aziski-dizajn

Исто така и кај спалната соба е употребен овој дизајн. Јаснотијата и чистината во спалната соба потсетува дури и на традиционалните спални соби во кои имало само рогозина и се спиело на подот. Таа улога овде ја зема брачниот кревет, но се забележува и настојувањето на дизајнерот, парчињата мебел што помалку да се допираат со подот, што е познат принцип на азиската култура, се со цел корисниците да имаат пристап до секое делче од подот при собирањето на правот.

5-aziski-dizajn 6-aziski-dizajn 7-aziski-dizajn 8-aziski-dizajn 9-aziski-dizajn 10-aziski-dizajn 11-aziski-dizajn

Испрати коментар

Scroll To Top