Насловна / Вести / Од денес општина Центар ја почнува исплатата на субвенциите за купен велосипед

Од денес општина Центар ја почнува исплатата на субвенциите за купен велосипед

Од денес (6 јуни), почнува исплатата на субвенциите од проектот „Цел Центар на точак“.

На наше големо задоволство, веќе трета година по ред интересот за субвенциите е многу голем. Оваа година се предвидени субвенции за вкупно 1.111 велосипеди, во висина од најмногу 3.000 денари по велосипед.

Цел-Центар-на-Точак

До овој момент, вкупно 510 граѓани аплицирале за финансиска поддршка за купување нов велосипед. Ги повикуваме сите кои се заинтересирани, а се’ уште не аплицирале, да го направат тоа што поскоро.

Да потсетиме дека секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, треба да достави копија од лична карта со која потврдува дека е жител на општината, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциската сметка.

Испрати коментар

Scroll To Top