Електричниот велосипед “Archont” овозможува максимална удобност со прилагодување на батеријата со која се погонува моторот согласно потребите. Извршниот директор на компанијата „Ono bikes“ тврди дека се работи за концепт кој с еиздвојува според дизајнот и технологијата.
Според него, целта на компанијата е производот да се позиционира на светскиот пазар како еден од клучните брендови во индустријата на електрични велосипеди. Една од главните цели на овој старт-ап, која својот производ веќе го претстави во Виена, да воспостави сериско производство на велосипедот токму во Србија.
Приказната за младиот српски тим веќе е објавена во угледниот Gardian, а и на повеќе специјализирани сајтови.