Проектирана од хрватскиот архитект Idis Turato, новата спорстка сала, ситуирана на островот Крк, Хрватска, истовремено ги опслужува спортските активности на основното училиште и функционира како заеднички простор на локалната заедница.
Објектот е еден од архитектонските сегменти кои го обликуваат новиот јавен плоштад, опкружен со цркви, манастири и образовни објекти од различно историско доба. Со цел современата структура да кореспондира со варијаблите на присутните архитектонски стилови, архитектот креирал различни концепти за секоја елевација на објектот.
Една од примарните инспирации за фасадното обликување претставуваат постоечките ѕидови на околните манастири. „Ѕидот“ го дефинира главниот концепт на спортската сала, така што секоја фасадна обработка зависи од урбаниот контекст што ја опкружува, различни текстури, пластика и димензии на историските ѕидови.
Ентериерот на објектот е декориран со примена на светол колорит кој се спротивставува на грубата бетонска обвивка.