Во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ денеска ќе се одржи регионална конференција на тема „Долгорочен развој на енергетиката во Македонија-можности и пречки“.
На конференцијата предвидено е да се обратат професори од МАНУ, од Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Косово. Ќе се обрати и проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ.
Учесниците ќе дискутираат за енергетската ефикасност и влијанието на климатските промени, за обновливата енергија, за моделот за декарбонизација на секторот за електрична енергија..