Овој стан е дело на украинскиот архитект Владимир Сапјан и истиот се наоѓа во главниот град на Украина, Киев.
Архитектот од овој простор сакал да направи место за живеење кое ќе им нуди на своите корисници топло и пријатно катче за престој, како и место каде ќе можат да си ги извршуваат сите свои активности и потреби.
Токму поради тоа во овој стан освен основните простори за живот, како, дневната соба заедно со трпезаријата и кујната, спалната соба, бањата, предвиден е и простор за работа кој е одделен од спалната соба и пружа одлични работни услови.
Целиот стан е топол и пријатен благодарение на материјалите кои се вградени во него. Дрвото, и кремастите и капучинести тонови на ѕидовите, надополнети со некои мали но многу важни детали, му даваат на овој простор голема топлина и пријатност.
Овој впечаток го надополнува и жолтеникавото пригушено и прекршено осветлување кое дава своја пријатна нота на целиот простор.