Насловна / Архитектура / Tематски парк посветен на виното се отвори во Бордо

Tематски парк посветен на виното се отвори во Бордо

Вчера во францускиот град  Бордо се отвори тематски парк за возрасни посветен на виното La Cite du Vin. Тој всушност претставува еден вид на комбинација од тематски парк и музеј во оваа престолнина на рајскиот пијалак.bordo muzej za vino_05

Овој објект претставува атракција со својата необична форма и со изложбените содржини, работилници и други разновидни понуди.bordo muzej za vino_07

Скулпторскиот објект со височината од 55 метри со заоблена стаклена фасада, е импозантна градба дизајнирана од страна на француското архитектонско студио XTU и англиските експерти за дизајнирање на музеи Casson Mann.

Идејата на архитектите била со формата да имитираат вител на вино во чаша, но исто така, и изглед на камен типичен за пејзажот на Бордо, пишува Contemporist.bordo muzej za vino_08

Во внатрешноста на објектот постојат голем број простории посветени на различни активности. Најинтересен е секако оној за тестирање вино.bordo muzej za vino_09

Од врвот на објектот има беспрекорен панорамски поглед на Бордо. Видиковецот, покрај убавиот поглед, го украсува и необичен лустер направен од илјади шишиња вино.bordo muzej za vino_06 bordo muzej za vino_03 bordo muzej za vino_04 bordo muzej za vino_02 bordo muzej za vino_01

Save

Save

Save

Испрати коментар

Scroll To Top