Насловна / Арт и дизајн / Луксузниот бренд „Кавијар“ дизајнира нов телефон „Путинфон“

Луксузниот бренд „Кавијар“ дизајнира нов телефон „Путинфон“

Луксузниот бренд „Кавијар“ во Русија, кој е познат по производство на телефони во ограничена серија, дизајнира нов телефон „Путинфон“ со ликот на рускиот претседател Владимир Путин.putinsamsung_1

Телефонот со името Caviar Samsung Supremo Putin Rubino” е всушност модифициран „Самсунг Галакси С7“. На задната страна на мобилниот телефеон е изгравиран ликот на Владимир Путин, а телефонот е достапен во повеќе верзии. Еден од нив е и телефонот со 190 рубини внимателно наредени така што го врамуваат ликот на Путин. Другата верзија содржи само златно лице на рускиот претседател.putinsamsung_3

Компанијата „Кавијар“ планира три верзии на овој телефон, кој треба да чини околу 27.000 долари.

Покрај исклучително скапиот „Путинфон“, компанијата, исто така, нуди и релативно пристапен уред наречен „Rubino Galaxy S7“, кој е направен од мешавина од метал и наместо чисто злато претставува комбинација од жолто и бело злато, а нема ни скапи рубини.

Тој наводно ќе чини 2.560 долари.putinsamsung_2

Третата варијанта се нарекува Caviar Samsung Supremo Putin и ќе чини 2.408 долари. Тој ќе биде направен од титаниум во боја на злато. Сите три верзии на „Путинфоните“ ќе бидат достапни преку официјалната интернет-страница на компанијата „Кавијар“.

Испрати коментар

Scroll To Top