Стручњаците од Универзитетот James Cook (JCU), велат дека станува збор за најекстремен случај на масовно белење забележано во светското културно наследство. Избелувањето се јавува кога топлата вода предизвикува „слабеење“ на коралите и исчезнување на шарените алги кои обезбедуваат кислород.
Причина за оваа појава е глобалното затоплување односно климатските промени. „Откривме дека во просек 35% од коралите се изумрени“ вели професорот Terry Hughes, раководител на центарот за испитување на корали при JCU. „Ова е веќе трет пат во 18 години, Големиот корален гребен да биде жртва на оваа појава, но актуелните случувања се многу поекстремни од поранешните“, додава професорот.
Научниците соопштуваат дека се очекува опоравување на коралите за повеќе од 10 години. Студијата на научниците од споменатиот Универзитет е неодамна објавена, а резултат е на повеќемесечни истражувања.
Избелувањето на коралите е предизвикано од покачувањето на просечните температури на водата.