Насловна / Вести / И Србија ќе произведува електрични автомобили за 10.000 евра?!

И Србија ќе произведува електрични автомобили за 10.000 евра?!

И Србија најави дека ќе произведува електрични автомобили. Најдоцна до септември оваа година на улиците на Белград ќе се појави мало градско возило на струја чија цена нема да надминува 10.000 евра, пишуваат „Вечерње новости“.vozilo-na-elektropogon

Претпријатието „Еко Србија“ веќе ја има договорено првата испорака на делови за склопување на 12 автомобили, но амбициите се наскоро сите потребни делови да се произведуваат во Србија. Увозот на деловите е договорен со партнер од Кина.

Интересно е дека „Еко Србија“ бесплатно ја добила лиценцата за овој тип автомобил од една реномирана италијанска компанија. Истата лиценца неодамна ја има откупено и Suzuki.vozilo

Првите автомобили кои на пазарот ќе се продаваат под името „aksios“, на јавноста ќе и бидат претставени во септември на  петтиот по ред Tesla Rally, настан на кој учествуваат електрични возила и хибриди од целиот свет.

Автомобилот е првенствено наменет за возење во градски услови. Со едно полнење на батериите може да помине 140 километри, при максимална брзина од 60km/h. Aksios се полни на обична приклучница од 220 V.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top