Иван Муховец, дипломиран градежен инженер од Галовец, Хрватска, инспириран од изумите на Леонардо да Винчи, одлучил да скицира самоносечки мост кој пред многу векови бил претставен од страна на славниот научник.
Цртеж по цртеж, наскоро настанала и макета. „Колку и да е на прв поглед едноставен, овој мост за анализа е многу сложен. А делува како греда – без никакви странични сили кои ќе го потпираат“, вели авторот.
Идејата за локација за поставување на овој мост дошла спонтано, т.е. водена од намерата да се обнови една стара воденица во неговото место. Затоа мостот е изграден точно покрај воденицата. Долг е седум метри, а самата изведба е дело на студентот по градежништво Јосип Похулек. Изградбата траела само неколку денови.