Насловна / Арт и дизајн / Соларен пловечки дом троши помалку енергија отколку што произведува

Соларен пловечки дом троши помалку енергија отколку што произведува

Португалската компанија Friday направи соларна пловечка куќа, во чиј фокус е енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.plovecki dom (1)

Еколошкиот Floatwing не само што има минимално негативно влијание врз животната средина, туку може да произведе 100% од своите енергетски потреби за само шест месеци.plovecki dom (2)

Компанијата Friday, исто така, нуди четири Floatwing модели и секој од нив има различни нивоа на економија во зависност од инсталираната опрема.

Најсилниот модел Floatwinga е целосно енергетски независен пловечки дом, кој преку соларни панели создава струја, преработува отпадни води, прави вода за пиење и складира енергија за да биде одржлив, пишува Inhabitat.plovecki dom (3)

Floatwing е пловечки дом на две нивоа со долна пространа палуба и горен блок со тераса. На првото ниво е дневната соба во стакло со комплетно опремена кујна, спален дел, винарски подрум, топлинска пумпи, AC генератор… Стаклените панели може да се отворат за да преку лето може да се обезбеди природна вентилација, а во зима просторот може да се загрее со печка на палети.plovecki dom (5)

Во текот на шестте најтопли месеци (од април до септември) на оваа пловечка куќа не и потребно гориво. Двата мали мотори се доволни за да се движи куќата од една до друга точка со скромна брзина од три јазли (околу пет километри на час).plovecki dom (6)

Пловечката куќа е со фиксна ширина од шест метри, додека должината може да се приспособи од 10 до 18 метри.plovecki dom (8)

Floatwing се пакува во стандарден транспортен контејнер, и може да се испорача каде што сакате.plovecki dom (9) plovecki dom (11) plovecki dom (12)

Испрати коментар

Scroll To Top