Насловна / Вести / Планетата Кеплер 62Ф со услови за живот на луѓе!

Планетата Кеплер 62Ф со услови за живот на луѓе!

Научниците објавија дека откриле планета на која би можела да постојат услови за живот на луѓето. Планетата, која е наречена Кеплер 62Ф, е за околу 40 отсто поголема од Земјата и една е од петте планети кои орбитираат околу ѕвезда нешто помала и постудена од нашето Сонце, објави „Индепендент“.

Сите компјутерски симулации кои се изведени досега покажаа дека на таа планета има услови за живот. Сепак, се уште е рано за пакување на куферите за заминување на Кеплер 62Ф. planetaren-systemНа планетата за почеток и е потребен јаглерод диоксид во атмосферата, кој би спречил замрзнување на водата, но научниците веруват дека тоа не би било проблем да се направи, кога луѓето би дошле на неа.

„Ние пронајдовме повеќе атмосферски соединенија кои би овозможиле доволно топлина за течната вода на површината на планетата“, изјави Умав Шилдс од Универзитетот во Калифорнија.

Исто така, проблем претставува и оддалеченоста на Кеплер 62Ф, која се наоѓа на 1.200 светлосни години од Земјата.

Кеплер 62Ф е само една од 25-те од вкупно околу 2.300 досега откриени планети надвор од Сончевиот систем, за кои се претпоставува дека имаат услови за живот на луѓе.

Испрати коментар

Scroll To Top