Офицерски дом и хотел се последните објекти предвидени со проектот „Скопје 2014“, на кои почна интензивно да се работи, а зад кои стои грчкиот бизнисмен, Деметрис Кондаминас.
Кондаминас, во 2011 година стана сопственик на парцелата предвидена за објектите која чинеше околу 625.000 евра.
По изградбата на Градската куќа, која всушност е обновување на
некогашниот Офицерски дом, објектот треба да се предаде во сопственост на државата. Тука се планира да функционираат резиденцијалниот дел на скопскиот градоначалник и матичната служба.