Мароко ја доби престижната награда на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD), за 2015 година за промовирање на инвестициите и за политиките во однос на обновливите извори на енергија. Наградата, која инаку се доделува секоја година, ги промовира инвестиционите политики кои покажале најдобри резултати и силно го поттикнуваат одржливиот развој, овој пат е доделена на церемонија организирана во Лозана. Мароко има амбициозни планови во врска со енергетскиот микс до 2020 година, кој предвидува учество на обновливите енергетски извори од 42% (главно соларна енергија и енергија од ветерот).
Во поглед на директните странски инвестиции, Мароко е неприкосновен во последните години со над 3,6 милијарди долари директни странски инвестиции во различни сектори, меѓу кои особено се истакнува енергетскиот сектор.